Search
Close this search box.

“Светски денови на акција 2016” во еко градинкaта “8 Март”

Повеќе од 150 деца, околу 100 родители, 25 вработени од градинката “8 Март” од општина Кисела Вода,  претставници од бизнис заедницата, изминатата седмица засадија околу 100 различни видови на сезонско цвеќе и активно се вклучија во Светските денови на акција 2016, заедно со децата од дури 57 земји ширум светот.

Ова еколошко случување е дел од програмата “Еко-училиште”, интернационална програма на Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ)  која е насочена кон менаџирање на воспитно-образовните институции на начин кој не ѝ наштетува на животната средина.

Во Република Македонија, Здружението на граѓани ОХО е национален координатор на програмата и истата, во соработка со МОН, се спроведува како дел од Програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“. ФЕЕ, по петти пат, ги организираше Светските денови на акција  на меѓународно ниво за сите училишта и градинки  кои ја спроведуваат оваа програма.

 

ЈДГ „8 Март“при општина Кисела Вода во град Скопје, имаше можност да учествува во ова светско збиднување, бидејќи истата е еко-градинка, на највисоко ниво, со освоено зелено знаме и интернационален сертификат за еко-координатор.

 

 

Споделете:

Scroll to Top