Search
Close this search box.

30 тони сол фрлени на улиците во Кисела Вода

Општина Кисела Вода фрли 30 тони сол низ улиците, чие одржување е во нејзина надлежност. Со специјализирани возила  за зимско одржување, се чистеше и во текот на вчерашниот и на денешниот ден.

 

Покрај фирмата “Анизор” која беше ангажирана од страна на општината, во справувањето со снежните наноси се ангажирани и сезонски работници, а на терен, без престан е излезен и кризниот штаб од општината. Се расчистија и приодите околу градинките и училиштата, како и автобуските постојки каде вообичаено има повеќе луѓе. Со цел непречено одвивање и намалување на проблемите во сообраќајот, акцијата за расчистување на снегот и замрзнатите површини продолжува.

Екипите на зимската служба на општината се подготвени со доволно сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.

Споделете:

Scroll to Top