Ве известуваме дека Дваесет и шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 12.03.2015 година (четврток) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 25-та пленарна седница на Советот;
1.Информација за состојбата со криминалитетот и другите недозволени однесувања на подрачјето на Полициска станица од општа надлежност ,,Драчево,, во 2014 година;
2.Усвојување на Годишен извештај на општина Кисела Вода за 2014 година, со:
-Завршна сметка на Буџетот на општина Кисела Вода за 2014 година;
-Извештај за побарувањата и за обврските на Општина Кисела Вода, содржани во Завршната сметка на општина Кисела Вода за 2014 година;
-Извештај за реализација на програмите на општина Кисела Вода за 2014 година;
-Извештај за реализација на блок дотации на општина Кисела Вода во 2014 година;
-Извештај од одговорниот сметководител за точноста и веродостојноста на годишната сметка на општина Кисела Вода за 2014 година;
3.Годишен извештај за користење на средства од резервите на општина Кисела Вода во 2014 година;
4.Предлог-Буџетски календар на општина Кисела Вода за 2015 година;
5.Предллог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Ошпштина Кисела Вода за 2015 година;
6.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2015 година;
7.Предлог-Одлука за реализација на проектот ,,Реконструкција на Дом на култура – с.Драчево (архитектонски, градежно конструктивен дел),,;
8.Програма за Енергетска Ефикасност на општина Кисела Вода за период од 2015-2017 година;
9.Програма за Енергетска Ефикасност за Општина Кисела Вода 2015-2017 – Акционен план за 2015 година;
10.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.