Денеска во големата сала во општина Кисела Вода градоначалникот Билјана Беличанец Алексиќ на нови 50 семејства им додели документ за трајна сопственост на својот дивоизграден објект.
Во своето обраќање пред граѓаните градоначалникот нагласи дека легализацијата на дивозиградените објекти ќе значи напредок како за локалната самоуправа, така и за жителите на општината.
-За општина Кисела Вода, ова значи чекор напред во во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките – рече градоначалникот Беличанец Алексиќ.
Упатувајќи честика до присутните граѓани, таа ги повика и сите оние кои немаат поднесено барања за легализација на дивоизградените тераси, тоа да го направат што поскоро бидејќи се ближи крајниот рок за поднесување на потребната документација.
-Во овој момент, би сакала да апелирам и до сите граѓани кои поседуваат тераси пренаменети во станбен простор дека се ближи 30 јуни, кој е крајниот рок за поднесување на потребната документација за легализација на терасите. До овој миг, до општина Кисела Вода се поднесени 142 вакви барања.