Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода ќе им донира 500 000 денари на погодените од поплавите

 Координативното тело на Советот на општина Кисела Вода на последната координативна седница едногласно ја поддржа иницијативата на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ за доделување на еднократна парична помош за жителите кои се наоѓаат во поплавените подрачја на Македонија. Иницијативата за донирање на 500 000 денари, ја поддржаа сите советнички групи од Советот на општина Кисела Вода. Одлуката ќе биде донесена на претстојната седница на Советот закажана за 18.02.2015, по која средствата ќе бидат уплатени на сметката на Црвениот Крст, специјално отворена за оваа намена.

 

Споделете:

Scroll to Top