Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода додели 55 нови ваучери за новороденчиња

Ваучери за новите 55 жители на овој дел од градот им додели општина Кисела Вода денес на нивните семејства. Со тоа бројот на доделени ваучери во вредност од 6000 денари, се искачи на 1446. Проектот е дел од програмата од социјална сфера на општината и ќе се спроведува до истекот на мандатот на градоначалникот Беличанец-Алексиќ.

 

Истиот има за цел да им помогне на новите родители од овој дел на градот за оние први потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето и ги опфаќа семејствата каде двата родитела се со живеалиште на територија на општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Заедно со барањето тие треба да достават на увид  важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Споделете:

Scroll to Top