Општина Кисела Вода денес го прославува својот 59-ти роденден

 Уште од раните утрински часови, започна празнувањето на 59-тиот роденден на најстарата скопска општина, Кисела Вода.

 

 Симболично, случувањата започнаа со најмладите жители на општината. Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ додели 25 ваучери во вредност од 6000 денари на семјствата кои имаат новороденчиња.

-Со задоволство можам да кажам дека заклучно со денес, кога општина Кисела Вода го слави својот 59ти роденден,  имаме доделено 536 ваучери, што значи исто толку нови жители на оваа општина. Свесни дека секоја општина е успешна онолку колку што се успешни нејзините жители, можеме да ви ветиме вам, како нивни родители,  дека нашите напори да обезбедиме најдобри можни услови за нивен раст и развој, ќе продолжат со засилена динамика. Од нив зависи растежот на општината. Од нив зависи и растежот на нашата земја-изјави Беличанец-Алексиќ пред новите родители.

Одбележувањето на роденденот на општината продолжи со доделување награди за 44-те најуспешни ученици од основните училишта на територија на општина Кисела Вода кои во оваа учебна година имале најдобри резултати на државните и регионалните натпревари. Наградата која им ја доделува општина Кисела Вода е во вредност од 10 000 денари и е само дел од стратегијата за развој на научната мисла на овие простори.

 

-Почитувани ученици, оваа скромна награда треба да биде стимул за да продолжите и понатаму да работите, да се развивате и да бидете референтна точка за сите ваши наследници во училишните клупи-изјави градоначалникот Беличанец-Алексиќ

Во 10:30, во Големата сала, се одржа свечена седница на Советот на општината. Претседателот на Советот, Трајче Донев, потсети на историјатот на општината и се осврна на бројните проекти кои се реализираа во оваа година.

 

– И од денес, кога заеднички влегуваме во 60тата јубилејна година од постоењето на оваа општина, заеднички со градоначалникот, како раководство, можеме да Ви ветиме дека ќе продолжиме со ист интензитет да работиме и да се залагаме за остварување на сите ваши желби и потреби. Нашата досегашна работа е гаранција дека тоа што го ветуваме ќе биде реализирано- подвлече Донев.

Во присуство на многу гости, пријатели на општина Кисела Вода, потоа беа доделени благодарници за луѓето и компаниите кои во оваа година беа заслужни за афирмирањето на  оваа локална самуправа.

Прославата на роденденот продолжи во паркот Шопен каде Градскиот дувачки оркестар одржа концерт за сите музички вкусови. Публиката која дојде да го проследи концертот потпевнуваше и играше на популарна музика од  Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Ленон, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус…

Забавата продолжи во Расадник, пред кафулето Гет, каде во 12 30 минути стартуваше  женското авторели, во соработка со женскиот Автофан клуб.

Женското авторели се одвиваше низ целата општина, со старт во Расадник, преку селото и населбата Драчево, па повторно во Расадник, каде во 16 часот беа  доделени наградите на најуспешните жени возачи.

Празнувањето на 59-тиот роденден на општина Кисела Вода продолжи во паркот Шопен,  каде од 18 часот  до 21 се случија повеќе настани.  Докторски тим од Црвениот Крст вршеше бесплатни мерења на притисок и даваше бесплатни здравствени совети, додека паралелно, на истата локација  се одржа и веќе традиционалната Коријада. Пензионерите од општината  вршеа продажба на белите печива кои претходно ги имаат подготвено, а средствата кои  беа собрани преку оваа продажба, се наменети за социјално-загрозените семејства од општина Кисела Вода. Прославата на 59-тиот роденден на општината заврши со  културно уметничка програма во изведба на пензионерите.

 

 Од денеска, како подарок за жителите на општина Кисела Вода,  во соработка со операторот Оне, пуштена е бесплатна WI-FI мрежа, на три локации низ општината, парковите Шопен, Македонија и Паркот на бранителите во Драчево, со што жителите на општина Кисела Вода додека одмораат, ќе можат преку интернет да бидат поврзани со своите пријатели и сето тоа да не ги чини ни денар.

 

 

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
kralbet
betnano
betnano
betnano
kralbet
kralbet
kralbet
setrabet
setrabet
kralbet
hititbet
hititbet
Tuzla Lenf Drenaj
Tuzla Cilt Bakım Merkezleri
Tuzla Kirpik
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
betgaranti
kolaybet
betgaranti
xslot
xslot
hititbet
betnano
betnano
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
Sosyal Medya Yönetim
Hititbet
xslot
xslot
xslot