Општина Кисела Вода со помош од 6.000 денари за секое новороденче

На секое семејство со новороденче во периодот од 20.06.2013, заклучно со 31.12.2013 година, со живеалиште на подрачјето на Општина Кисела Вода, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и дел од членовите на општинскиот совет. 

 

 

-“Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектите за подобрување на условите за живот и развој на децата и остварувањето на нивните социјални и други права. Откако пред околу две недели успешно ја заокруживме учебната година, со доделување на парични награди во висина од 10.000 денари за 168 талентирани ученици од општината, денес промовираме нова бенефиција за жителите на општината, односно за семејствата со новороденчиња – потенцираше градоначалникот Беличанец – Алексиќ.

 

 

Таа информираше дека на предлог на Градоначалникот, а со целосна поддршка од сите советници, на изминатата 4-та пленарна седница, се изврши дополнување на Програмата за активности на Општина Кисела Вода од областа на социјалната заштита во 2013 година, со додавање на дополнителна точка: “Спроведување на Проект за доделување на еднократна парична помош на новородени деца во Општина Кисела Вода”.
За реализација на оваа Програма до крајот на 2013 година, Општина Кисела Вода предвиде дополнителни 2.000.000 денари. 
Процедурата за поднесување на потребната документација е многу едноставна. Еднократна парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до Општина Кисела Вода, со уредно приложена документација на увид, која ќе го потврди раѓањето на новиот член на семејството и територијалната припадност (живеалиште), на подрачјето на општината Кисела Вода. 
Значи, двата родители треба да се жители на општината и покрај барањето кое можат да го подигнат од Општината, неопходно е да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето.
Истовремено барателите кон пријавата, неопходно е да приложат и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
-“Причината за носењето на ваква одлука е многу рационална. Имајќи ги во предвид податоците од Државниот завод за статистика, според кои во последните пет години бројот на живородени новороденчиња во општината Кисела Вода се движи во просек од околу 560, сметавме дека со носењето на ваква Одлука, ќе придонесеме кон позитивен поттик и стимулација за зголемување на бројот на деца во семејствата на територијата на Општина Кисела Вода” – заврши Беличанец – Алексиќ и искажа голема благодарност до Советот на Општина Кисела Вода, кој едногласно ја донесе одлуката.

 

 

Министерот Спасов ја поздрави одлуката и изрази надеж дека нејзината реализација ќе придонесе за зголемување на наталитетот во Република Македонија.
Тој нагласи дека Министерството за труд и социјална политика и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти и изрази надеж дека и сите други општини во иднина ќе се приклучат кон носењето вакви одлуки.

 

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
hitit üniversitesi
Hititbet
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Hititbet news
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla İpek Kirpik
hititbet
hititbet
artemisbet
artemisbet
hititbet
Tuzla Cilt Bakım
betyap
Hititbet
betyap
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
solobet
hititbet
hititbet
hititbet
artemisbet
betyap
betyap
betyap
betyap
betyap
betyap
otobet
betpark
betgaranti
xslot
xslot
betpark
betgaranti
xslot
betpark
betpark
betgaranti
xslot
xslot
otobet
otobet
otobet
betyap
betyap
maksibet
maksibet
maksibet
maksibet
maksibet
maksibet
kralbet
betnano
betnano
betnano
betpark
hititbet
sahabet
hititbet
kralbet
kralbet
kralbet
sahabet
setrabet
setrabet
kralbet