Ве известуваме дека шестата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 30.08.2013 година (петок), во големата сала на општината, со почеток во 13,00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од Четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода;
-Усвојување на Записникот од Петтата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода;
1.Предлог-Одлука за потврдување на картирани подлоги за донесени урбанистички плански документации;
2.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на ЦОУ “Рајко Жинзифов” во општина Кисела Вода;
3. Предлог-Одлука за утврдување Предлог Изменувањето и дополнувањето на дел од Детален урбанистички план за М.З.71 – западен дел “Б” (Блок 27), Општина Кисела Вода, Скопје плански период 2012-2017;
4.Предлог-Одлука за утврдување Предлог Изменувањето и дополнувањето на дел од Детален урбанистички план за населба Црниче УЕ 61, за дел од блок 6 – КП47 Општина Кисела Вода, Скопје плански период 2012-2017;
5.Предлог-Одлука за утврдување Предлог Изменувањето и дополнувањето на дел од Детален урбанистички план за населба Црниче УЕ 61, за дел од блок 6 – КП48 Општина Кисела Вода, Скопје плански период 2012-2017;
6.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за вториот квартал од 2013 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода, – К2-квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, – К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на Општината;
7. Предлог-Одлука за давање согласност за основање на Регионален одбор за управување со отпад;
8. Предлог-Одлука за именување претставници на Општина Кисела Вода во управните одбори на ЈДГ “Весели Цветови” и ЈДГ “8-ми Март” на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
9.Предлог-Одлука за утврдување на локални патишта на територијата на Општина Кисела Вода;
10.Предлог-Одлука за одобрување на рехабилитација и подобрување на локални патишта на територија на Општина Кисела Вода по приоритет;
11.Предлог-Одлука за организација, делокруг и начин на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Кисела Вода;
12. Советнички прашања.