Search
Close this search box.

Проектот за изградба на секундарна фекална канализација во селото Усје, кој предвидуваше изградба на канализација во должина од 2.986 метри, Општина Кисела Вода го дополни со изградба на уште 275 метри

“Секој жител и секоја куќа се важни, и во 2021 година ќе започнеме изведба на канализациона мрежа во другите делови на општината “ – истакна градоначалникот Филип Темелкоски при извршениот увид во изградбата на секундарна фекална канализација во Усје која што е во тек.

“Квалитетот на живот во сите делови на општината ни е врвен приоритет. Се обидуваме со ограничените расположливи средства да постигнеме што е можно повеќе“ –  рече претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ.

За време на посетата тие разговараа и со жителите, ги слушнаа нивните барања за дополнителни приоритетни потреби и активности. По барање на граѓаните првично проектираната траса во должина од 2.986 метри, ја зголемивме со изградба на дополнителни 275 метри со што бенефит ќе имаат дополнителни 20 семејства. 

 

Споделете:

Scroll to Top