Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржа Четириесет и седмата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода на 27 јануари 2021 година (средасо почеток во 12:00 часот, ја  одржа Четириесет и седмата пленарна седница, со следниот

                                                Д н е в е н  р е д      

Усвојување на Записникот од 45-та пленарна седница

1.Предлог-Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Кисела Вода;

2.Предлог-Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода;

3.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за финансиско учество за опремување на Домот на култура КВК – Скопје со аудио-визуелна опрема;

4.Предлог-Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2021 година;

5.Предлог-Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Град Скопје за заловување на кучиња на подрачјето на Општина Кисела Вода;

6.Предлог-Програма за измена на Програмата (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Кисела Вода за 2021 година, Подпрограма (Р10) Заштита на животната средина и природа Во начин на распределба на средствата за финансирање и Динамика на извршување;

7. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Ирена Јованова;

8. Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Стојиман Дојчиновски;

9. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Деловникот на Советот на Општина Кисела Вода;

10.Предлог-Програма за активности за дом на култура с.Драчево;

Споделете:

Scroll to Top