Search
Close this search box.

Кошаркарите на „Ангели“ во една седмица забележаа две победи

КК „Ангели“ минатата седмица на два одиграни натпревари забележа победи. Кошаркарите на клубот од Кисела Вода, во четвртокот на гостински терен ја надиграа екипата на „Шкупи“, со резултат 67:61, а во неделата на домашен терен со голема резултатска разлика 80:63 ја победија и екипата на КК „Струмица“. Со последната десетта победа КК „Ангели“ останува на првото место на табелата во Втората кошаркарска лига.

 

Споделете:

Scroll to Top