Search
Close this search box.

Месната заедница Градинар ќе добие приклучок на фекална канализација

Започнува подготовката за изградба на фекална канализација на ул. Борис Трајковски на три крака во должина од 1380 метри. Со оваа интервенција жителите во Месна заедница Градинар  ќе добијат фекална канализација.

Денеска почна со одбележување на трасата а изградбата ќе започне за седум дена и ќе трае 7-9 месеци. Уште едно населено место во општина Кисела Вода кое ќе добие приклучок на фекална канализација. Ова е една од подолгите преостанати делници на канализациска мрежа која ја изведува општината. Работите на канализациската мрежа во Усје во должина околку 2.000 метри ќе биде завршена во следните два месеци, а ќе ни преостанат уште неколку пократки делници кои ќе започнат во првата следна прилика кога ќе се обезбедат средства. 

 
На активностите за отпочнување на работите градоначалникот Филип Темелковски изјави дека е ова ушт еден чекор кон исполнување на неговата желба и визија сите граѓани на општината да ги имаат пристап до основните услови за достоен живот, а тое е водовод и канализациска мрежа. Во оваа прилика сакаме да ги замолиме граѓаните за трпение за нелагодноста додека траат градежните работи, ископот и поставувањето на цефки и шахти, воедно ги замолуваме и за зголемено внимание при движењето околку ископаните канали.  
 
 
Во наредниот период општината ќе продолжи со асфалтирање на улици, обнова на паркови и изградба на детски игралишта подеднакво распоредени во сите Месни заедници на општината. 
 
 

Споделете:

Scroll to Top