Search
Close this search box.

Светскиот ден на свесноста за аутизмот одбележан во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“

Светскиот ден на свесноста за аутизмот ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ го одбележа со повеќе едукативни онлајн активности.

Учениците од прво до деветто одделение дискутираа и го презентираа сработеното за развојното нарушување аутизмот. Тие насликаа многу цртежи со симболот на бесконечноста во боите на виножитото, водеа дијалози преку алатката skretch, а напишаа и пораки за лицата со аутизам.

„Светскиот ден на свесноста за аутизмот е ден кој нè потсетува дека околку нас има лица, кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општествените процеси, од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инкулизјата“ – нагласуваат од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“.

Одделенските и предметните наставници активностите ги реализираа со поддршка од дефектологот Велика Миленковска и педагогот Жаклина Стојановска, кои подготвија презентација за тоа што е аутизам.

Линк од презентацијата:

https://www.dropbox.com/scl/fi/8d94libgoj7a7nqtx1l7l/Autizam.ppt?dl=0&rlkey=opik43xadnl8o6f54eau8u4gg

Споделете:

Scroll to Top