Општина Кисела Вода по девети пат го реализира проектот „ Мултимедијален хепенинг на отворен простор“во „Паркот Македонија “ во близина на Дом на култура КВК со почеток од 10.30 часот до 11.30 часот во соработка со ООУ на територија на општина Кисела Вода и двете Посебни училишта. Темата на овој хепенинг оваа година е „ Ја сакам мојата општина Кисела Вода “.
Потребата од оваа манифестација е учениците да се претстават во јавноста со својот талент за музика, сликарство и игра. Искажувајки ја својата креативност учениците се запознаваат и дружат меѓу себе.
За таа цел на поставените штафелаи учениците сликаа во придружба на своите ликовни педагози, а за тоа време другите ученици настапуваа со музички и музичко – ритмички точки во придружба со наставник по музичко образование.
На овој мултимедијален хепенинг учениците покажаа што научиле оваа учебна година со убава и забавна програма, а градоначалникот се обрати и ги поздрави присутните и учесниците, посакувјќи оваа манифестација да продолжи успешно и да се проширува со цел зближување меѓу децата.
Опфатени беа четири Општински основни учичишта: ООУ „ Круме Кепески “, ООУ „ Невена Георгиева Дуња “, ООУ „ Кирил Пејчиновиќ“, ООУ „ Партенија Зографски“ , ПОУ „ Златан Сремец“ и ДУРДМОВ „ Димитар Влахов“. Гости на Овој хепенинг беа учесници од КУД „ Кисела Вода“ од Здружението за култура и уметност „ Мајковина“.