Search
Close this search box.

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

На сите граѓани, општина Кисела Вода им го честита големиот државен празник, 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кога е формирана Македонската револуционерна организација.

 

Со основањето на револуционерната организација беше означен почетокот на организираната борба на македонскиот народ, кој преку Илинденското востание и создавањето на Крушевската Република, а потоа и преку антифашистичката борба и АСНОМ, на 8 септември во 1991 година, создаде самостојна, суверена и независна македонска држава. Држава која е наша сегашност, остварен сон и наш завет пред генерациите што доаѓаат!

Нека ни е вечен Денот на Македонската револуционерна борба!

Споделете:

Scroll to Top