Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четвртата пленарна седница

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четвртата пленарна седница на 06 декември 2021 година (понеделник) со почеток во 14:00 часот, со следниот дневен ред: 

1.Предлог-Одлука за измена и дополнување на одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП 02/2018;

2.Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлуката за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода Бр.09-4940/7 од 17.06.2021 година;

3.Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за поставување на Урбана опрема (паркинзи во функција на објекти на органите на државната управа и на објекти на општините) на КП 2767/1, КП 2773/2, КП 2773/1, КП 2775/3, КО КИСЕЛА ВОДА 1, ДУП Расадник – блокови 1,2,3 и 5 (измена и дополна) Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за поставување на Урбана опрема -Македонски крст (опрема во функција на туристички, културни и спортски настани) на дел од КП 10898 КО Драчево 1, ДУП: блок ЛОКАЛЕН ЦЕНТАР МЗ 71 – дел Населба драчево, општина Кисела Вода;

5.Предлог-Одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кисела Вода;

6.ПредлогРешение за утврдување на персоналниот состав на Општинскиот Штаб за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Кисела Вода;

7.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кисела Вода – Пречистен текст;

8.Советнички прашања.

Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.

 

Споделете:

Scroll to Top