Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ја одржa четвртата пленарна седница

На четвртата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода која се одржа на 06 декември 2021 година, беа усвоени следните точки:

 

1.Предлог-Одлука за измена и дополнување на одлуката за домашно долгорочно задолжување во рамки на вториот Проект за подобрување на општинските услуги МСИП 02/2018;

2.Предлог-Одлука за ставање вон сила на Одлуката за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода Бр.09-4940/7 од 17.06.2021 година;

3.Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за поставување на Урбана опрема (паркинзи во функција на објекти на органите на државната управа и на објекти на општините) на КП 2767/1, КП 2773/2, КП 2773/1, КП 2775/3, КО КИСЕЛА ВОДА 1, ДУП Расадник – блокови 1,2,3 и 5 (измена и дополна) Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за одобрување на Програмата за поставување на Урбана опрема -Македонски крст (опрема во функција на туристички, културни и спортски настани) на дел од КП 10898 КО Драчево 1, ДУП: блок ЛОКАЛЕН ЦЕНТАР МЗ 71 – дел Населба драчево, општина Кисела Вода;

5.Предлог-Одлука за давање согласност за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кисела Вода;

6.Предлог – Решение за утврдување на персоналниот состав на Општинскиот Штаб за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Кисела Вода;

7.Давање согласност на Правилникот за систематизација на работните места во Општина Кисела Вода – Пречистен текст.

Дополнително, дневниот ред беше дополнет со:

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Цветан Крстевски; (пожар – целосно, 30.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Маријанти Делова; (пожар – делумно, 10.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Анета Грујоска; (пожар – делумно, 10.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Александар Трајановски; (пожар – делумно, 10.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Љупчо Миленковски; (лекување, 20.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Ирена Близнаковска; (лекување, 30.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Соња Радеска; (лекување, 30.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Марија Јовановиќ; (лекување на дете, 30.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Санела Костадиновска; (поплава од невреме, 10.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Викторија Стојмировска; (смрт на родител – Жути од Драчево, 30.000 денари)

Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на КУД ,,КИТКА,, – Драчево; (традиционален годишен концерт, 30.000 денари)

Споделете:

Scroll to Top