Се отвори подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување во населбата Драчево

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ и раководителот на центарот за вработување на Град Скопје, Слободанка Алексовска денеска официјално ја пуштија во употреба подрачната канцеларија на Агенцијата за вработување во населбата Драчево.

Општина Кисела Вода излезе во пресрет на барањата на Агенцијата и во интерес на граѓаните отстапи на користење дел од просториите на урбаната заедница нас. Драчево за отворање на оваа дисперзирана канцеларија.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Беличанец Алексиќ изрази  задоволство за отворањето на подрачната канцеларија, потенцирајќи дека од денеска сите жители, сите правни и физички лица од општината Кисела Вода ќе можат да ги користат услугите на Агенцијата за вработување преку оваа канцеларија.

-“Искрено се надевам дека на овој начин ќе придонесеме невработените граѓани полесно и побрзо да се евидентираат во Агенцијата, а на Агенцијата за вработување ќе и овозможиме полесно и проактивно да ги промовира активните мерки и програми за самовработување, како и да направи посеопфатна анализа на пазарот на трудот” – изјави Беличанец – Алексиќ.

Целта на отворањето на дисперзираната канцеларија, според надлежните од Агенцијата за вработување е да се доближат на услугите кои ги нуди Агенцијата до жителите на Општина Кисела Вода, но и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, ефикасноста и ефективноста на услугите кои се обезбедуваат, како за лицата кои бараат работа, така и за работодавачите.

-“Услугите кои ги нуди Агенцијата за вработување, како и активните мерки за вработување сега ќе им бидат достапни на граѓаните на Кисела Вода, но и на околните населени места” – изјави директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Подрачната канцеларија е сместена во просториите на урбаната заедница во населбата Драчево, а ќе работи секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
bettilt
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti