Search
Close this search box.

Искосена нарасната тревна површина покрај трим патеката

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвиваше во текот на вчерашниот ден покрај трим патеката.

Од булеварот “Србија” до “Есенинова”, во должина од околу 2 км, 20-тина сезонски работници ангажирани преку Секторот за месна самоправа на Општина Кисела Вода, ја отстрануваа нараснатата вегетација.

Со цистерна беше испрана и патеката која фреквентно се користи за прошетки и рекреација во топлите пролетни денови.

Акцијата за косење на тревните површини и уредување на парковското зеленило продолжува и во наредниот период и ќе ги опфати сите месни и урбани заедници од општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top