ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР
Општина Кисела Вода распишува Јавен повик за формирање Иницијативен одбор (ИО) согласночлен 17 од Законот за младинско учество и младински политики.
Иницијативниот одбор е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Советот. Бројот на членови во Иницијативниот одбор е три и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади (ЛСМ). Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади. Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага одс лужбеникот/ката за младиво Општината.
Улога и задачина Иницијативниот одбор:
• Поддршка на Општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работатана ЛСМ,
• Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на Општината по принципот на јавност и транспарентност,
• Соработка со Општината при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.
Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на Општината и сакаат да учествуваат во основањето на Советот.
Задолжителни документи:
• Портфолио на организацијата/групата/здружението/лицето
• Годишна програма за работа,
• Извештај за активности со млади во изминатата година,
• Писмо со номинација за членво Иницијативен одбор и контакт-информации,
• Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
Начин на пријавување:
e-mail :
ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mknikola.jovanovski@kiselavoda.gov.mk
Лице за контакт: Ана Ѓуроска 071 391 167 Никола Јовановски 070343428
Рок за пријавување: 5 работни дена од денот на пријавувањето.
Број 08- 8703/1
од 19.09.2022 година
Скопје
ГРАДОНАЧАЛНИК
НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Орце Ѓорѓиевски