О Г Л А С
за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода
Врз основа на член 7 од Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 03/22), Општина Кисела Вода објавува
Се повикуваат сите заинтересирани уметници и културни работници кои егзистираат во општината Кисела Вода и со своите програми и активности придонесуваат за развојот на културата и уметноста во општината Кисела Вода, и кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата, да аплицираат за добивање на финансиска поддршка за тековната 2022 година.
Право на учество на огласот имаат сите уметници и културни работници кои се со живеалиште на територија на општината и извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода, под услови утврдени со Закон и Правилникот за условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода (Сл. Гласник на општина Кисела Вода” бр. 03/22).
I Финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода
Основни критериуми што треба да се исполнат од страна на сите уметници и културни работници:
– е жител на општина Кисела Вода;
– во последните три години има реализирано, или учествувано во реализација на најмалку 3 проекти од областа на културата;
– реализацијата на предложениот проект за финансирање да биде на територијата на општината, или да се однесува и да придонесува за афирмација на Oпштина Кисела Вода.
II Постапка за доделување на финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода.
– Потребната документација за учество на огласот се доставува по пошта или во архивата на Општината.
– Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „Пријава за Oглас за доделување финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода“ и бројот на повикот.
– Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува понудувачот.
– Пријавата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице.
– Пристигнатите пријави ги отвара и разгледува Комисија формирана од Градоначалникот, без присуство на пријавените кандидати.
– Некомплетните и ненавремено доставените пријави Комисијата нема да ги разгледува и за истото ги известува кандидатите.
– помеѓу општината и избраниот субјект се склучува Договор за доделување финансиска помош.
Субјектите, кои учествуваат на јавниот оглас кон пријавата треба да достават
– покрај барањето/пријавата за финансиска поддршка на предлог – проектот доставува и фотокопија од лична карта и транскациска сметка, како и изјава за исполнетост на условите, како и детален план за реализација на проектот.
Рокот за пријавување започнува од 30.09.2022 година и трае 10 работни дена, односно заклучно до 14.10.2022 година до 20.00 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Делјан” бр. 17 или во архивата на општината со назнака: Пријава за јавен оглас за финансиска поддршка на уметници и културни работници кои извршуваат јавен интерес од локално значење во културата во општина Кисела Вода – Комисија).
Пријавата и образецот со упатство за пополнување се достапни на следниот линк
Општина Кисела Вода