Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода и КС Сервис ДОО Битола донираат 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија

Во рамки на активностите за одбележување на октомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка, денес во општина Кисела Вода се одржа средба меѓу градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Марија Кукуноска, директор за развој на КС- Сервис ДОО Битола и претставникот од истата компанија, Александра Војнески.

а овој работен состанок, на кој зедоа учество и Претседателот на Советот, како членови на Комисијата  за еднакви можности на Кисела Вода, беа договорени повеќе настани и активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за ракот на дојка, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.

 

 

 

-Општина Кисела Вода активно се вклучува во борбата против оваа подмолна болест, заедно со компанијата КС Сервис ДОО Битола со донирање на 50 ортопедски перничиња на пациентки со пост-мастектомија. Со овој чекор, пред се’, сакаме да им пружиме, поддршка на нашите сограѓанки кои моментално се лекуваат и да им порачаме дека не се сами во нивната борба. Оставаме контакт телефон на кои тие слободно можат да не’ контактираат и се надеваме дека ова ќе им биде помош за полесно да го минат процесот на рехабилитација-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Перничињата за пост-мастектомија се специјално дизајнирани за да им  помогнат на пациентките да заздрават после оперативниот зафат. Доволно е да се сместaт под рака и дел од градите и им помагаат тие да се чувствуваат заштитено и поудобно од појасот во автомобил, при пазарење, а обезбедуваат и заштита при извршување на нивните секојдневни обврски. Заинтересираните жени кои имаат потреба од вакво перниче можат да се јават на телефонскиот број 075/316-981.

 

 

Споделете:

Scroll to Top