Search
Close this search box.

Водици 2023: Во oпштина Кисела Вода ќе се положува богојавленскиот крст

Општина Кисела Вода ја продолжува лани возобновената традиција за фрлање на чесниот крст, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот “Расадник”, во четврток, на 19 јануари 2023год.

Оваа година, манифестацијата започнува со литија од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 минути, од каде верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на крстот ќе се случи во 11 часот.

За најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст e предвидена парична награда од Општина Кисела Вода и од спонзори.

Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до среда, 18.01.2023, до 18 часот, на телефонскиот број  075/309-548 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.

Споделете:

Scroll to Top