Search
Close this search box.

Кисела Вода гради паркинг за стотина возила во населбата 11 Октомври Згради

Општина Кисела Вода започна со изградба на нови паркинзи на три локации во урбаната заедница 11 Октомври Згради.

 Лоцирани на улиците “Ѓорѓи Сугаре” и “Михаил Чаков”, во непосредна близина на трим патеката, ќе отворат можност за паркирање на стотина возила и значително ќе го подобрат сообраќајот во мирување во овој дел од општината.

 

-Свесни сме дека организацијата на сообраќајот во мирување е од исклучително значење за квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај, па затоа интензивно работиме на обезбедување на локации за изградба на соодветен паркинг простор во општина Кисела Вода. Минатата година ја затворивме со 7 нови локации за паркирање на околу 500 возила и оваа година, согласно ветувањата, ќе изградиме најмалку уште толку паркинзи. Денес започнувме со изградба на паркинзи на три нови локации во урбаната заедница 11 Октомври Згради, кои треба да бидат готови околу две седмици. Со ова, се отвораат нови 100 паркинг места, што значи намалување на сообраќајниот метеж во овој густо населен дел на општината. Изнаоѓањето на вакви и слични сообраќајни решенија ќе продолжи со несмален интензитет и во периодот што претстои-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

Споделете:

Scroll to Top