Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи дваесеттата пленарна седница на 15.02.2023 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 18-та пленарна седница
1.Предлог – Одлука за издвојување на финансиски средства како помош од Општина Кисела Вода во санирање на последиците од катастрофалниот земјотрес во Република Турција и Сирија;
2.Предлог – Одлука за избор на командир на Полициска станица од општа наделжност Драчево;
3.Давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2023 година на ООУ,,Кузман Шапкарев,, н.Драчево;
4.Давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Кузман Шапкарев“ – Општина Кисела Вода, Скопје.
5. Извештај за реализација на Програмата за Енергетска Ефикасност во Oпштина Кисела Вода во 2022 година;
6. Акционен план за 2023 година (од Програмата за Енергетска ефикасност за Општина Kисела Вода 2021-2023 година);
7.Предлог – Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства со новороденчиња на подрачје на Општина Кисела Вода за 2023 година;
8.Предлог – Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Зоран Јовановски;
9.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.