Под покровителство на Општина Кисела Вода, вчера започна Фестивалот на инклузија.
Сето тоа беше зачинето со изложба на уметнички фотографии од уметниците Драги Неделчевски и Небојша Гелевски. Дечињата имаа прилика да уживаат во работилницата ,,Што е среќа” под менторство на Соња Димовска, потоа ,,Учиме балет” со БС Балерина, ,,Цртаме саксиички и садиме цвеќенца”, инклузивна работилница за најмладите со здружението ,,Икуалити”. Популарниот Пајак ја крена атмосферата, а присутните во еден глас ги пееја неговите песни. Исто така, кутиите за помош на малиот Алексеј се поставени на неколку локации и сите добронамерници може да донираат за неговото лекување.
– Сакам од срце да им се заблагодарам за хуманитарната мисија на овие здруженија, за нивната искрена љубов кон лицата со попреченост и за тоа што несебично придонесуваат сите да имаат еднакви можности. Огромно благодарам и за признанието, кое мојот син Ведран ја имаше честа да го подигне и во мое име поради моето службено отсуство.- изјави градоначачникот Орце Ѓеорѓиевски.
За вечерва е највена изведба на македонската химна со инклузивен хор на деца со и без попреченост од школите од Кисела Вода и Аеродром, потоа следува концерт на Funk Shui, како и проекција на филмови.
Фестивалот на Иклузија продолжува и во наредните денови. Нудиме богата програма, посетете нѐ во паркот Македонија (пред домот на култура ,,Билјана Беличанец”) и заедно да уживаме во овие денови.