Отворено со Катастарот во село Драчево

Од понеделник, 17ти февруари, ќе започнат со работа мобилните шалтери на Агенцијата за катастар во селото Драчево. Ова на заедничка прес конференција го најавија директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески и градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ

.

 

Потребата од отворање на вакви мобилни пунктови на катастарот во с. Драчево е увидена по бројните барања на жителите на ова место, поврзани со одредувањето на катастарските парцели и средувањето на имотно правните односи кои пристигнаа до Катастарот, но и до општина Кисела Вода, иако за вакви прашања надлежност има исклучиво Агенцијата за катастар.

Службите на Kатастарот работат со добра динамика, а веруваме дека со отворањето на ваква мобилна канцеларија на Катастарот, која ќе функционира  еден месец, ќе овозможиме решавање на што поголем број случаи. Секако, ова се однесува на барањата за кои постои законска можност да бидат решени, бидејќи честопати  доаѓаат граѓани со нерални барања и очекувања иако знаат дека законско решение не е можно-истакна  директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.

До општината пристигнуваат барања од жителите на село Драчево за кои ние, како локална самоуправа, немаме ингеренции да ги решаваме. Иако немаме надлежност во работата на Агенцијата за катастар, сепак, како општина која секогаш го става граѓанинот на прво место, и овој пат решивме да им излеземе во пресрет на овие жители. Во редовна комуникација сме со службите на Катастарот и им ги пренесуваме барањата  на овие граѓани, на тој начин посредувајќи во решавањето на проблемите. Отворените денови на катастарот и мобилните шалтери во село Драчево се одлична можност која треба да се искористи за за да се најде решение кое ќе биде во интерес на сите -истакна градоначалничката на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

На средбата со новинарите беше промовирана уште една новина која започна да функционира, електронското поврзување на општината Кисела Вода со службите на Катастарот. Првите трансакции преку електоронскиот систем се веќе извршени во текот на вчерашниот ден-информираше Трпески.

Инаку, и денес општина Кисела Вода додели 50 нови решенија за легализација на дивоградбите, со што, бројот на решени предмети се искачи на 2443.

 

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
hititbet giriş
betorder
kolaybet
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
sahabet
norabahis
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
supertotobet
kolaybet
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
hititbet güncel giriş
hititbet mobil giriş
hititbet yeni giriş
bettilt
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti