Момците од бендот кои веќе 30 години успешно опстојуваат на македонската музичка сцена му го подарија новото це де и се заблагодарија за поддршката од него како градоначалник и од Општина Кисела Вода. Имено денешната промоција на новиот албум е само една од низата активности кои ќе се случуваат по повод 30-годишниот јубилеј на овој значаен бенд, а централната манифестација ќе се случи на 29.06., во паркот кај салата Расадник, каде Суперхикс со поддршка од Општина Кисела Вода ќе одржат голем славенички концерт.
-Чест и задоволство ми е да бидам на денешната промоција на уште еден албум од култните “Суперхикс” со кои растеа и музички созреваа многу генерации. Драго ми е што Општина Кисела Вода е домаќин на нивните активности поврзани со 30 годишното музичко постоење на македонската сцена и кои, како што кажа Пеце, ќе ги има во голем број во периодот што е пред нас, се до финалниот голем концерт закажан за 29 јуни во Расадник. Ќе биде убаво заеднички да се прослават двата роденден-и тој на Суперхикс и на Општина Кисела Вода. Но со деталите ќе излеземе подоцна. Засега да уживаме во новиот албум кој од она што досега го слушнав, многу ми се допаѓа-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на денешната промоција.
Новиот албум на групата Суперхикс насловен како “СИЛА И НЕРВОЗА“ е снимен во студио „ТРА ЛА ЛА“ на продуцентот Мите Димовски (освен СКАРАНТИН – Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на це де формат и на сите музички платформи.