Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, месецов, ги заврши квалификационите училишни натпревари во шах, кои се оддржаа во рамките на манифестацијата ,,Организација на училишни натпревари во шах во основните училишта во Општина Кисела Вода“.
Во осумте основни училишта кои гравитираат на територијата на Општината, преку 600 ученици имаа можност, на шаховските турнири, да го покажат своето шаховско знаење. За финалниот шаховски турнир се квалификуваа вкупно 187 ученици.
Со оваа манифестација, организирана од Шаховскиот Сојуз на Град Скопје, Општина Кисела Вода се придружува на иницијативата за организација на училишни натпревари, која е особено значајна за популаризацијата и развојот на шахот во Македонија, но и за психофизичкиот развој на учениците.
Заклучокот од овие турнири е, дека, интересот за шах меѓу децата е голем, но општ е впечатокот, дека, тајните на популарната игра ја научиле од нивните родители. Доколку, сите спортски шаховски работници посветено работат на промоцијата на шахот, шаховските клубови и шаховските секции, во делот на усовршување на шаховските таленти, сигурно е дека и бројот на активни шахисти во Македонија значително ќе се зголеми.