Search
Close this search box.

Општина Кисела Вода се вклучи во “Македонија земја на цвеќето-Земја на розите”

Со засадување рози покрај улицата “Христо Татарчев”, општина Кисела Вода се вклучи во  националната еколошка акција „Македонија земја на цвеќето – Земја на розите“, која симболично стартуваше на првиот ден од пролетта.

Во садењето, покрај општинската администрација, иницијаторот на акцијата-Министерството за животна средина и просторно планирање, како и компанијата која донираше дел од садниците, “Геинг”, учествуваа и повеќе ученици од основните училишта ширум општината.

За оваа цел беа обезбедени 2000 рози кои имаат естетска, но и еколошка улога, така што, освен што ќе се разубави просторот, ќе се придонесе и за поздрава и почиста животна средина. Токму затоа и се садеше покрај сообраќајниците, каде што концентрацијата на гасови од автомобили е највисока. Дечињата во градинките, пак, цвеќиња засадија во дворовите на овие објекти, каде најчесто го минуваат слободното време во топлите пролетни денови.

Ова е уште еден од бројните еколошки проекти кои се спроведуваат во општина Кисела Вода и кој треба да обезбеди долгорочен позитивен ефект врз животната средина и здравјето на луѓето.

 

Споделете:

Scroll to Top