Search
Close this search box.

,,Спортуваме – здраво живееме“

Македонскиот Олимписки Комитет и општината Кисела Вода, ја продолжуваат успешната повеќегодишна соработка. Овојпат, општината Кисела Вода ја прифати иницијативата на МОК да се вклучи во одбележувањето на 06 април – Меѓународниот ден на спортот.  Покрај, СГГУ “Здравко Цветковски” и Државниот универзитет во Тетово, во програмата на МОК за одбележувањето на Светскиот ден на спортот, за основни училишта на ниво на државата, ќе биде влучено и  ОУ “Невена Георгиева Дуња”. 

 

– Почестени сме што и нашето училиште ќе даде свој придонес за одбележувањето на Светскиот ден на спортот. За оваа пригода, подготвивме манифестација насловена  ,,Спортуваме – здраво живееме“. Покрај неколку забавни точки, изложбата на најдобрите од литературниот и ликовен конкурс, направените спортски реквизити, кои ќе бидат изложени на штафелаи во малата сала, подготвивме и дерби натпревар меѓу ОУ ,,Невена Георгиева Дуња” и ОУ ,,Св. Климент Охридски“-истакна Зорица Русевска, директорка на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“.

Манифестацијата започнува во понеделник, 7ми април, во 11.00 часот во малата сала на ОУ “Невена Георгиева Дуња”.

Споделете:

Scroll to Top