Search
Close this search box.

Прашалник за транспарентност и отворена локална самоуправа

Почитувани,

Општина Кисела Вода, како локална самоуправа, во 2024 година стана прва членка од Македонија на глобалното Партнерство за отворена локална власт – ПОВ, платформа која има за цел да овозможи здружување на локалните власти и граѓаните за да ги направат општините и управувањето со општините отворени, инклузивни и респонзивни на барањата на граѓаните.

Како дел од заложбите дефинирани во првиот акциски план на ПОВ, кој беше креиран во партнерство со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и ГО „Центар за младински активизам-Крик„, Општина Кисела Вода ќе реализира активност насловена како „Транспарентност и отворена локална самоуправа“.

Прашалниците за барањата, идеите и предлозите на граѓаните на Општина Кисела Вода ќе може да се најдат во електронска форма на веб страницата на општината (https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%B5%D0%B1.docx).

Сите граѓани на Општина Кисела Вода, може да се обратат до своите месни заедници чие работно време е од 07 часот до 15 часот (од понеделник до петок), за консултации и пополнување на прашалници во хартиена форма. Пополнети прашалници може да се испратат и по електронски пат до секоја МЗ:

Прашалниците во ќе може да се пополнуваат во период од 01.02.2025 до 31.03.2025 година.

Однапред Ви благодариме за интересот да учествувате во овој проект.

Со почит,

Орце Ѓоргиевски

Градоначалник на Општина Кисела Вода

Споделете:

Scroll to Top