Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски на годишното Собрание на МАНУ

На покана на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од редовното годишно Собрание на оваа највисока научна институција во земјава. Настан кој, покрај резимето на академските достигнувања, ја отвори и неопходната дебата за системските предизвици и реформите кои ни претстојат.

-Дозволете ми да се заблагодарам на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, за поканата да бидам дел од редовното годишно собрание на оваа највисока научна институција во земјава.

Годишното собрание на МАНУ оваа година започна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во несреќата во Кочани – трагедија што нè потресе сите и што ни ги отвори очите кон одредени системски слабости кои бараат итни и суштински решенија. Во вакви моменти, кога сите погледи се свртени кон болката и загубата, се отвора и прашањето – како да спречиме вакви трагедии да се повторат?

Академската заедница е еден од клучните столбови врз кои треба да се потпреме при носењето на издржани и квалитетни решенија. Токму научно заснованите анализи и предлози можат да помогнат во креирање на политики кои ќе донесат вистински и трајни промени.

Очигледно е дека е неопходно темелно „ресетирање“ на системот, со значителни законски измени и реформи кои ќе ја зголемат ефикасноста, безбедноста и координацијата меѓу институциите. Поддршката од академиците, од научната и стручната јавност, ќе биде од исклучително значење за креирање на нови, одржливи модели кои ќе ја подобрат безбедноста, инфраструктурата и реакцијата во итни ситуации.

Креирањето и реализацијата на проекти во насока на планирањето на иднината на Република Македонија, кои беа во фокусот на денешното годишно собрание, само потврдува дека МАНУ останува вистински чувар на знаењето и прогресот. Успесите на академиците во изминатата година се доказ дека токму преку наука и аналитичен пристап, можеме да креираме одржливи и долгорочни решенија.

Како претседател на ЗЕЛС, уверувам дека локалната самоуправа е подготвена за блиска соработка со академската заедница. Преку заеднички напори, можеме да изградиме систем што ќе биде подготвен да одговори на предизвиците со кои се соочуваме, но и да поставиме темели за посигурна и подобра иднина за сите граѓани-изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
norabahis
norabahis
hititbet
hititbet
kingroyal
kingroyal
betplay
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betgaranti
marsbahis
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
marsbahis
marsbahis
betyap
betyap
norabahis
holiganbet
hititbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betgaranti
xslot
xslot
marsbahis
marsbahis
marsbahis
marsbahis
xslot
norabahis
norabahis
maritbet
maritbet
pusulabet
pusulabet
lunabet
betpark