Search
Close this search box.

ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево, едно од трите најбезбедни и најчисти основни училишта во Македонија

ОУ „Св.Климент Охридски“  од с.Драчево , општина Кисела Вода, е едно од трите основни училишта кои се најбезбедни и најчисти во Македонија. Ова се резултатите од  пилот проектот на Министерството за образование, кој се спроведува во насока на обезбедување на безбедноста и хигиената во училиштата.

На распишаниот јавен повик  се пријавиле 22 училишта кои ги исполнувале критериумите-да се дел од „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ (ЕКО училиште) како и да имаат учествувано на најмалку три проекти или работилници кои опфаќаат некоја од следниве области: здрава и еколошка средина, безбедост, ненасилство, разрешување на конфликти и слични содржини. Стручната комисија, формирана од Министерството за образование и наука, врз основа на пристигнатите апликации и извршениот увид во самите училишта, одлучи дека ова значајно признание ќе му го додели на ОУ „Св.Климент Охридски“  од с.Драчево кое претходно, на петтиот екосамит за наградување на училишта и градинки во рамките на програмата Интеграција на еколошката едукација”, го понесе највисокото признание, зеленото знаме.

Покрај ОУ „Св.Климент Охридски“ од с.Драчево, за најбезбедни и најчисти училишта, признанија добија и  ОУ” Кирил и Методиј“ од Стојаково и „Климент Охридски“ од Македонски Брод. Од средните училишта, наградени се „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка, „Димитар Влахов“ од Струмица и „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

Споделете:

Scroll to Top