Денес официјално започнаа општинските натпревари во училишен спорт, во организација на Сојузот на училишен спорт на Кисела Вода. Натпреварувањата ќе се одвиваат по куп-систем. Во рамки на овие натпревари, кои ќе траат до 4 декември, ќе учествуваат учениците од сите осум основни училишта на територијата на општината. Програмата опфаќа четири спортски дисциплини: мал фудбал, кошарка, ракомет и одбојка за девојчиња. Натпреварите ќе се одржуваат во спортските сали „Независна Македонија“ и „Архиепископ Доситеј“, како и во спортските капацитети на ООУ „Круме Кепески“.
-Училишниот спорт е основа за правилен физички развој на децата, но и начин да се стекнат со дисциплина, тимска работа и здрави навики. Како oпштина, остануваме посветени на поддршката на ваквите настани и на унапредување на условите за спорт во сите училишта. Им посакувам успешни натпревари и добри резултати на сите ученици-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Целта на овие натпревари е поттикнување на физичката активност кај младите и избор на најдобрите училишни екипи кои понатаму ќе ја претставуваат општинатa.

















