Search
Close this search box.

Доделени мали кантички за батерии зa училиштaта во општина Кисела Вода

Претставници на општина Кисела Вода и тимот на Гоу Грин денес остварија посета на училиштата на оваа територија, каде интензивно трае проектот за собирање на отпадни батерии Гоу Клин. Освен што беше направена проценка на досега собраните батерии, тие поделија и мали кантички кои ќе се постават во секоја училница. Целта на кантичките е да се развие свеста кај учениците и наставниците и да се стимулира натпреварот во собирање на батерии.

 

Според направената евалуација, досега, во училиштата се собрани околу 70кг батерии. Досега, најмногу батерии имаат собрано учениците од  училиштето “Климент Охридски” во с. Драчево и тоа 19 кг батерии и “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство”, 18 кг батерии. Натпреварот трае до 1 ноември и најдобрите ќе бидат наградени.

Проектот Гоу Клин се одвива во 7 општини и нивните училишта и има за да ја развие свеста кај младите за потребата од селектирање на батерии и да воспостави одржлив систем за управување со отпадни батерии. Проектот е поддржан од Норвешка Амбасада во Белград, Т-мобиле, Општина Кисела Вода и колективниот постапувач Нула Отпад.

 

Екологијата и еколошките проекти остануваат да бидат приоритет во училиштата и градинките во општина Кисела Вода. Имено, за особена посветеност во работата со програмата Еко- училиште, за извонредни достигнувања во едукацијата за одржлив развој и еколошки менаџмент и постојано подобрување на активностите од областа на заштитата на животната средина во училиштето и пошироката заедница, училиштето  „Св.Климент Охридски“ се стекна со признанието зелено знаме и стана дел од светската  мрежа на Еко- училишта. Со зелено знаме се стекна и градинката “8 Март”.

Споделете:

Scroll to Top