На 21-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
– Усвојување на Записникот од 20-та седница на Советот;
1. Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и ЈП Водовод и канализација – Скопје во врска со обезбедување на услуги за водоснабдување и одведување на отпадни води на граѓаните на Општината;
2. Предлог-Правилник за условите, начинот и постапката за издавање под закуп на простории во месни и урбани заедници сопственост на Општина Кисела Вода;
3. Предлог Измени и дополнувања на Буџетот на општина Кисела Вода за 2014 година;
4. Предлог Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2014 година;
Воедно, дневниот ред беше дополнет со две иницијативи и едно барање:
-Прифаќање на иницијативата на група граѓани за промена на името на улицата “Студеничанска” во ”Тодор Стојановски”;
-Прифаќање на иницијативата на група граѓани за враќање на првобитното име-“Драчевска” на улицата која сега го носи името “Јустинијан Први”ч
-Барање за доделување на еднократна парична помош на семејствата Тодевски и Силјановски од Драчево, кои претрпеа штета во пожарот што ги зафати нивните куќи.