Search
Close this search box.

Во 2014 доделени 522 ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода

Предновогодишно, Претседателот на Советот на општина Кисела Вода Трајче Донев, додели ваучери со еднократна парична помош за семејствата со принова од општината. Со тоа, бројот на доделени ваучери се искачи на 811, од кои, во оваа календарска година се доделени 522.

 – Почитувани родители, на истекот сме од оваа 2014 година во која и вам, како родители и нам, како локална самоуправа, ни се исполни една голема и убава желба. Вие добивте нов член во вашето семејство, а ние, пак, нов жител на општина Кисела Вода.

Желбата да обезбедиме најдобри можни услови за растот и развојот на секој поединец кој живее на оваа територија, ја докажуваме секојдневно, преку сите наши заложби, сите дела, сите реализирани проекти. А бидејќи секој пат, па и оние најдолгите, каков што е нашиот, започнува со првиот чекор, за првите потреби на вашето новородено дете, општина Кисела Вода денеска ќе ви додели ваучер во вредност од 6000 денари-истакна Претседателот Донев.

Доделувајќи ги ваучерите, тој уште еднаш ги спомена критериумите и ги повика сите родители кои ги исполнуваат да ја поднесат потребната документација до административните служби, како и можеле и тие да го остварат своето право на парична помош од општина Кисела Вода. Овој проект, кој е дел од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода, беше донесен на иницијатива на градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и акламативно поддржан од Советот, ќе продолжи и ќе се запази се до истекот на нејзиниот мандат.

Споделете:

Scroll to Top