Ве известуваме дека Дваесет и третата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 24.12.2014 година (среда) со почеток во 11,00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 22-та пленарна седница;
1.Предлог-Одлука за утврдување на Предлог Измена и дополна на дел од Детален урбанистички план “Стакларница – Пинтија” Блок 5 Општина Кисела Вода, Скопје плански период 2010-2015;
2.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кое не може да се изврши вклопување во КП со број 246/2 КО Кисела Вода 1;
3.Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправни објекти за кои не може да се изврши вклопување на објекти во градежна парцела 7.1 во ДУП Локалитет Бирарија, Општина Кисела Вода;
4. Предлог-Одлука за утврдување правен статус на бесправен објект за кој може да се изврши вклопување на објект во КП 11624/2 (дел од КП11624, дел од КП11622 и дел од КП11629) КО Драчево 2;
5.Предлог-Правилник за измени и дополнување на Правилникот за критериумите, постапката и износот за доделување на еднократна парична помош бр.07-5085/5 од 25.06.2009 година;
6.Предлог-Правилник за критериумите за утврдување на почетната цена и износите на почетните цени за издавање под закуп на простории во објекти во кои се сместени месните и урбаните заедници сопственост на Општина Кисела Вода;
7.Предлог-Одлука за формирање на организациона структура за изработка и спроведување на Локален акционен план за животна средина (ЛЕАП) на Општина Кисела Вода;
8.Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2015 година;
9.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2015 година;
10.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.