Search
Close this search box.

Кризниот штаб на Кисела Вода одржа координативен состанок

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди, денес, во просториите на општина Кисела Вода одржа координативен состанок.

 На состанокот, на кој освен претставниците на општинската администрација, учествуваа и претставници од Регионалниот центар за управување со кризи, Полициската станица-Кисела Вода, Центарот за јавно здравје и Дирекцијата за заштита и спасување, се дискуираше околу превземање на конкретни превентивни мерки од  поплави кои би можеле да настанат поради највената дестабилизација на временските услови. Беа дефинирани критичните точки во општината  и беше  направен план за мобилизација на дежурни тимови кои ќе го следат водостојот на реките и нивото на акумулациите. Договорена беше  и меѓуинституционална соработка и ставање на готовност на сите расположиви ресурси, со цел подигнување на алармантноста со хидролошката состојба и брза реакција во случај евентуалните последиците од најавените интензивни врнежи од дожд.

Споделете:

Scroll to Top