Search
Close this search box.

Преку 200 граѓани го проверија својот стаж во паркот Шопен

Денес, во паркот Шопен, во општина Кисела Вода, голем број на граѓани ја искористија можноста да го проверат својот стаж, податоците за платените придонеси, платите и други податоци.

 

Само со лична карта, преку непосредна комуникација со вработени во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Агенцијата за капитално финансирано пензиско осигурување, Министерството за труд и социјална политика, како институции кои во соработка со општина Кисела Вода го реализираа проектот “Ден за вас”, над 200 граѓани добија документ за стаж и  одговори на други прашања од областа на пензиското и инвалидското осигурување.

Трајко Пренчески, помошник директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување,  истакна дека преку проект „Ден за вас“ и соработката на институциите, осигурениците ќе можат да добијат увид за тоа дали стажот им е регулиран, евидентиран и дали имаат стаж кој што им недостасува во прегледот. Посочи дека осигурениците по увидот што ќе го направат на својот стаж, доколу им недостасуваат одредени периоди на стаж истите ќе можат да се обратат до филијалите на Фондот каде каде по службена должност ќе им бидат средени податоците во матичната евиденција.

Целта на проектот “Ден за вас”, е да се доближат овие институции до граѓаните и тие да добијат информации и одговори на сите прашања поврзани со оваа проблематика, како и  да се заштитат нивните права како осигуреници. Истиот ќе продолжи да се реализира и во останатите општини во Град Скопје, а акцијата ќе тече според утврдениот концепт и динамика. Минатата година оваа акција беше спроведена во сите поголеми градови низ Македонија.

Жителите на општина Кисела Вода беа презадоволни што на брз и едноставен начин, во близина на својот дом,  добија информации повзани со нивниот стаж. Проверка на стажот направија и жители на други општини кои убавото време го искористија да се прошетаат низ паркот Шопен во општина Кисела Вода.

Споделете:

Scroll to Top