Врз основа на Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2015 година и Програмата за вработување на Владата на РМ за активните програми и мерки за вработување за 2015 година, Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ на ден 15.05.2015 година објавуваат: Јавен оглас до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско корисна работа“
Се повикуваат невработените лица кои во АВРМ се евидентирани најмалку 1 година, а кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско корисна работа„ проект „Квалитетна и поефикасна грижа за учениците од предучилишно и училишно образование “ заради работно ангажирање за период од 6 (шест) месеци, да се пријават во Општина Кисела Вода.
- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско корисна работа„ ќе бидат работно ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци, статусот на невработените лица ќе им остане непроменет.
- Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско корисна работа“, ќе бидат работно ангажирани во јавните детски градинки и основните училишта на територија на Општина Кисела Вода.
- За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во програмата „Општинско корисна работа“, се предвидува паричен надомест во бруто износ од 6.200 денари месечно, (со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа).
- Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата„Општинско корисна работа“, треба да спаѓаат во категориите на невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година.
Огласот се објавува за следните работни позиции за времено анагжирање:
2 (две) лица дефектолози со завршено ВСС – дипломиран дефектолог;
2 (две) лица логопеди – со завршено ВСС- медицински факултет, група логопедија;
5 (пет) лица негуватели, за деца на возраст до 5 (пет) години со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател;
Заинтересираните невработени лица од точка 5 на овој Јавен оглас, пријавите можат да ги поднесат во Општина Кисела Вода, од 15.05.2015 година до 22.05.2015 година.
- Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Кисела Вода и кандидатите.
Детални информации за програмата „Општинско корисна работа„ можат да се добијат во Општина Кисела Вода во барака 8 канцеларија бр. 12 лице за контакт Елизабета Јаневска- проект координатор.
ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
Градоначалник
Билјана Беличанец Алексиќ