Search
Close this search box.

Процесот на легализација во општина Кисела Вода непрекинато тече. Досега легализирани 3962 објекта.

Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното доделување на новите решенија од страна на градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ, бројот на легализирани објекти се искачи на 3962.

 -Денес, уште 50тина семејства од општина Кисела Вода се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. За општина Кисела Вода, пак, ова значи чекор напред во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, од што повторно бенефит имаат жителите на општината и бизнис заедницата, бидејќи со нив им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките-истакна градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ во своето обраќање пред присутните.

Уште еднаш, ги повика сите 3210 лица кои се уште немаат доставено геодетски елаборат до административните служби, да ја докомплетираат документацијата и на тој начин да овозможат процесот на легализација да продолжи да тече.

-Заокружувањето на процесот на легализација ќе биде заеднички успех. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина- заокружи градоначалникот Беличанец-Алексиќ, честитајќи им на присутните.

Споделете:

Scroll to Top