Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец – Алексиќ во посета на Припор и Пржино

По посетата на УЗ Кисела Вода и Расадник, градоначалникот, заедно со Претседателот на Советот и тим од стручните служби од општината, дел од советниците и тимот составен од раководителите на стручните служби од општината, претставници на јавните претпријатија од градот Скопје оствaрија средба со граѓаните на Припор и Пржино се со цел за подобрување на условите во кои живеат.

 

 

Градоначалникот пред жителите во УЗ Припор потсети за досега сработеното, за асфалтирање -санација на ул. Христо Татарчев крак 14, асфалтирање – санација на ул. Христо Татарчев крак 24, одржување на урбана опрема, изработка на ново детско игралиште во Теферич, изградба, набавка и монтажа на летниковец и клупи со правилен облик во ОУ ЈГД Круме Кепески, чистење на фекална канализација на ул. Христо Татарчев крак 14, чистење на депонии во Теферич, тековна санација на улично осветлување, проширување на дел од ул. Христо Татарчев (Теферич) и дел од ул. Мариовска (магацин Треска) со тампон и асфалт.

На средбата граѓаните беа информирани за изработка на проекти кои треба да се реализираат во 2016 година, за реконструкција на дел од ул. Мариовска, (магацин Треска), дел од ул. Сава Ковачевиќ до спојот на реконстурирана улица црква Теферич, крпење на ударни дупки на ул. Христо Татарчев бр. 27 и бр. 28, асфалтирање на кошаркарско игралиште кај подрачно училиште Круме Кепески, тековно чистење на депонии, тековна санација на ударни дупки, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.

 

Во УЗ Пржино градоначалникот нагласи за извршената реконстуркција на пристапна патека на ул. Мегленска, крпење на ударни дупки на ул. Мариовска, ул. Зеленгора и ул. Банско, како и тековно одржување на детски игралишта, улично осветлување и урбана опрема.

Граѓаните беа информирани и за идните планови, за изградба на атмосферска канализација по улиците во населбата, изработка на партерно уредување на тротоари за ул. Милан Мијалковиќ, тековна санација крпење на ударни дупки, чистење депонии, како и тековно одржување на урбана опрема и улично осветлување.

 

Споделете:

Scroll to Top