Search
Close this search box.

Советот на општина Кисела Вода ќе ја одржи 33-та пленарна седница

Ве известуваме дека Триесет и третата пленарна  седница на Советот на Општина Кисела Вода  ќе се одржи на 14 октомври 2015 година (среда) со почеток во 11,00 часот

 

 

–       Усвојување на Записник од 32-та пленарна седница на Советот;

 

1.Предлог-Одлука за разрешување на член на Управниот одбор на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје, претставник од Установата;

2.Предлог-Одлука за избор на член на Управниот одбор на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје, претставик од Установата;

3.Предлог-Решение за именување на членови во заедничка Комисија согласно член 15 од Правилникот за условите, начинот и постапката за издавање под закуп на простории во месните и урбаните заедници сопственост на Општина Кисела Вода бр.07-204/4 од 30.10.2014 година;

4.Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програма КА-Културни манифестации и творештво (капитални расходи), Потпрограма КАА –Реконструкција на Дом на културата с.Драчево 2014-2016;

5.Предлог-Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2015 година;

6.Предлог-Решение за определување на членови од Советот на  Општина Кисела Вода за учество во склучување  на бракови во Матична служба на Град Скопје и Месна канцеларија  Драчево;

7.Предлог- Решение за формирање на Комисија за утврдување на Предлогот на Програма за работа на Советот за 2016 година и за избор на претседател и членови на истата;

8.Формирање на времени тела за реализација на Програмата (АО) за работа на Советот на Општина Кисела Вода за 2015 година;

9.Советнички прашања.

Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.

 

Споделете:

Scroll to Top