Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник- Ѓурѓовден

Со низа случувања, денес општина Кисела Вода по 18-ти пат го одбележа својот патронен празник – Ѓурѓовден. Одбележувањето започна со литургија во црквата Св. Ѓорѓи на која присуствуваше делегација од општината, предводена од претседателот на Советот. Од булеварот “Борис Трајковски” отпочна цветно дефиле, составено од неколку стотини деца од сите основни училишта и градинки од општината, предводена од , со цвеќе накитен, двокатен панорамски автобус.

 

Пропратени со музичка изведба на ансамблот “Македонија”, тие се движеа кон крстосницата на улиците ,, Народни херои” и  булевар ,, Борис Трајковски”, a дефилето финишираше во новиот парк наспроти ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, каде се реализира културно-забавна програма.

Таму, по повод празникот, со свои точки настапија децата од осумте основни училишта на територија на ОКВ, Културно-уметничкoто друштвo ,, Китка “ и фолклорниот ансамбл ,, Тоска”.

Овој 6 Мај, но и цeлиот овој период, жителите ќе го паметат и по многуте активности на општината во насока на реализирање на проектите кои или се во својата финална фаза или се веќе завршени, а имаат за цел токму ним да им ги подобрат условите за живеење. 

Имено, во завршна фаза е градинката во Пинтија која е одговор на едно големо барање на жителите од овој дел на градот и секако, дел од стратегијата на оваа локална самоуправа за континуираното зголемување на бројот на капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Објектот кој е  инвестиција на општина Кисела Вода, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика во делот на ентериерното уредување, се протега на 480 квадратни метри, има капацитет за 80 до 90 дечиња, распоредени во три групи од 2 до 6 години и јасли.

 

Ним ќе им бидат понудени најсовремени услови, вклучително и оној еколошки концепт за загревање со помош на биомаса, кој општина Кисела Вода прва го промовираше, а поставен е и сончев колектор. До општината деновиве пристигна еден убав предлог, една убава идеја, името на новата градинка да биде Ѓурѓица, во знак на Ѓурѓовден, патрониот празник на општината. Оваа идеја, секако, ќе се најде како предлог на првата наредна седница на Советот на општината, па можеби дечињата кои во текот на летниот период веќе ќе можат да бидат запишани во градинката во Пинтија, својот ден ќе го минуваат во објект со име “Ѓурѓица”.

 

Воедно, во овој дел од градот, е завршена и реконструкцијата на коловозот на улица “Саса 2” во населбата Пинтија, која води до новата градинка, а во непосредна близина е и подрачното училиште Рајко Жинзифов, но и повеќе станбени објекти. Имено, на оваа локација, во должина од 347 метри, по отстранувањето на постоечката коловозна конструкција која имаше видливи оштетувања и  ударни дупки, коловозот е проширен на 6 метри, се изработи и тротоар, поставивме и канделабри за осветлување . Во моментов, екипите на ЕВН работат на напонот.

“6-ти Мај – Ѓурѓовден” традиционално се славел од населението во општината Кисела Вода, но со реализација на низа програмски активности од страна на општината се става белег на празнувањето на Ѓурѓовден, со еден друг, помасовен карактер. Всушност, со еден таков пристап кон патрониот празник, општината докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите, кои се коренот на нашата историја и национален белег.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet giriş
betgaranti
bettilt
betgaranti
Kolaybet
bettilt
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Kolaybet
Kolaybet Giriş
Kolaybet
Hititbet Giriş
betgaranti
hititbet giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
betnano güncel giriş
matbet
matbet
matbet
matbet
betnano
betnano
Tuzla İpek Kirpik
tuzla cilt bakım merkezi
Tuzla Lenf Drenaj
holiganbet
holiganbet
holiganbet
bettilt
grandpashabet
betpark
betgaranti
betgaranti
betpark
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
BB Marketing
hititbet
betpark
betpark
betgaranti
betpark
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betgaranti
grandpashabet
betpark
betgaranti
betpark
betpark
betgaranti
betnano
betnano
betgaranti
madridbet
madridbet giriş
betnano
betpark
betpark
betgaranti
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
betgaranti giriş