Search
Close this search box.

Јавен оглас за вработување негуватели

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Кисела Вода, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016 година објавуваат:

 

Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Поидобрување на човечките капацитети на градинките во општина Кисела Вода за потребите за згрижување на деца”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Општина Кисела Вода.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 6.200,00 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

–       невработени лица евидентирани во АВРМ најмалку 1 година.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

–       8 (осум) лица негуватели – за деца на возраст до 5 (пет) години со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода во периодот од 09.08.2016 година до 19.08.2016 година.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Кисела Вода и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Кисела Вода во барака 8 канцеларија бр. 12 кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“.

 

Споделете:

Scroll to Top