Завршницата на 37-мото издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал се одржа во саботата, во Паркот на бранителите во населбата Драчево. Годинава на оваа манифестација која е во организација на АКУД “Мирче Ацев”, а со поддршка од општина Кисела Вода, покрај организаторот, настапија фолклорни друштва од Полска, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија.
Истите, во периодот од 24 до 28 август, се претставија со фолклорни игри и песни од своите земји. Освен во Паркот на бранителите, учесниците настапија и во Македонскиот Народен Театар, и во општините Карпош и Ѓорче Петров.
Фестивалот е организиран во далечната 1967-та година од Град Скопје како благодарност на земјите кои помогнале во обновата на Град Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 – та година. Инициран е од скопските студенти, а од 1986 година, организирањето го превзема АКУД “Мирче Ацев “.