На 43-та седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска 30.08.2016 година, беа усвоени следните точки:
-Усвојување на Записникот од 42-та пленарна седница на Советот
1.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кузман Јосифовски-Питу,, за учебната 2015-2016 година;
2.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Кирил Пејчиновиќ,, за учебната 2015-2016 година;
3.Годишен извештај за работата на О.О.У.,,Партенија Зографски,, за учебната 2015-2016 година;
4.Годишен извештај за работата и постигнатите резултати на О.О.У.,,Невена Георгиева-Дуња,, за учебната 2015-2016 година;
5.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Кузман Шапкарев,, за учебната 2015-2016 година;
6.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Рајко Жинзифов,, за учебната 2015-2016 година;
7.Годишен извештај за воспитно-образовната работа наO.О.У.,,Св. Климент Охридски,, за учебната 2015-2016 година;
8.Годишен извештај за работата на O.О.У.,,Круме Кепески,, за учебната 2015-2016 година;
9.Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2015 година;
10.Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Скопски плански регион за 2015 година;
11.Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за именување на претставници на Општина Кисела Вода во училишните одбори во основните училишта на подрачјето на Општина Кисела Вода;
12.Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на типско повеќенаменско рекреативно игралиште во ПОУ „Круме Кепески“ во нас. Припор, Општина Кисела Вода;
13. Квартални извештаи К1,К2 и К3 за вториот квартал од 2016 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2016 година до 30.06.2016 година; -К2-квартален извештај за достасани ненамирен обврски на Општина Кисела Вода -К3-квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
14.Предлог-Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Кисела Вода за 2016 година;
15.Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата (НА) основно образование (капитални расходи) за 2016 година;
16.Предлог-Одлука за исправка на техничка грешка во Детален урбанистички план за градска четврт Ј20.01, блок 01 усвоен од Советот на Општина Кисела Вода со Одлука број 09-4117/5 од 31.05.2016 година;
17.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Миљаим Мустафовски.